Home Актуелно Русите со проектил ја погодија телевизиската кула во Киев – петмина загинати и петмина повредени

Русите со проектил ја погодија телевизиската кула во Киев – петмина загинати и петмина повредени

Пет луѓе загинаа, а петмина се ранети во денешниот напад во кој руските сили со проектил ја погодија телевизиска кула во Киев, соопшти државната служба за вонредни состојби на Украина.

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во нападот е оштетена операмата и дека „каналите нема да работат извесно време“.

„Погодена е ТВ-кулата. Некое време, каналите нема да работат. Во блиска иднина ќе биде вклучено и резервното емитување на некои канали. Непријателот може да шири дезинформации за да ја дестабилизира ситуацијата. Знаете, Украина се бори и издржува!“, напишаа од МО на Твитер.

„Пет лица загинаа, а пет се ранети во гранатирањето на телевизиската кула во регионот Шевченковски. Спасувачката операција продолжува”, се наведува во соопштението од Министерството.

Претходно украинските медиуми објавија дека руските сили ја погодиле ТВ кулата во Киев со два проектили.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…