Русија продолжува да трупа злато: Дополнително ги зголеми златните резерви


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последните три години Русија е земја која најбрзо ги зголемува своите златни резерви. Податоци на Светскиот совет за злато посочија дека набавките во 2014 година изнесуваа 173 тони, а за 2015 и 2016 година на соодветно ниво 206.4 односно 200.7 тони.

Трендот продолжува и во првите месеци од оваа година, a тие изнесуваат 64.9 тони, или во просек по 21,6 тони месечно.

Најмногу беа купени во јануари, 29.9 тони, а најмалку во февруари, 10,3 тони. Во последниот месец златото е купено, претежно на домашниот пазар, а се набавени уште 24,7 тони други благородни метали.

Купувањето во последните месеци и години ги зголемија златните резерви на земјата до 1680 тони, претставувајќи 16,9 насто од резервите на Русија.

Активни на пазарот на злато од почетокот на годината се уште Турција и Казахстан, кои додале 50,8 односно 9,6 тони.

Но, недостасуваат податоци за 2017 година односно за набавките на Кина. Нема измени ниту на листата на челото на земјите со најголеми златни резерви остануваат САД и Германија во висина од 8133 и 3377.9 тони, следени од Италија, Франција и Кина. Швајцарија е седмата држава во светот со златни резерви од над 1.000 тони, а во топ 10 се наоѓаат уште Јапонија, Холандија и Индија.

Вкупно 33 од државите во светот имаат златни резерви над 100 тони, а тука спаѓаат Полска, Романија и Грција