Русија го блокира транзитот на бродови преку Црното Море упатени кон Украина


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Сите бродови упатени кон украинските пристаништа преку Црното Море ќе бидат третирани како потенцијално да носат оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Руската војска денеска издаде ново навигациско предупредување за Црно Море, прогласувајќи дека одредени области во нејзините меѓународни води се „привремено небезбедни“ за пловилата. Освен тоа, војската ги советуваше морепловците да не се обидуваат да стигнат до пристаништата на Украина, наведувајќи дека сите бродови што ќе се упатат таму ќе бидат третирани како потенцијални превозници на воени стоки почнувајќи од четврток.

Според тоа, државата на знамето на бродот што ќе се обиде да стигне до украинските пристаништа на Црно Море ќе се смета како „учесник во украинскиот конфликт на страната на режимот во Киев“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Војската соопшти дека, исто така, прогласила одредени области во меѓународните води на Црно Море за „привремено небезбедни“ за навигација. Областите се наоѓаат во северозападниот и југоисточниот дел на водниот пат, истакна војската, додавајќи дека сите потребни навигациски предупредувања се веќе објавени како што се бара според постоечките процедури.

„Со прекинот на Црноморската иницијатива и укинувањето на поморскиот хуманитарен коридор, од 00:00 часот по московско време на 20 јули 2023 година, сите бродови на пат кон украинските пристаништа во Црно Море ќе се сметаат за потенцијални превозници на воен товар“, инсистира војската.

Новите ограничувања де-факто повторно ја наметнуваат руската поморска блокада на Украина, укината според таканаречениот Црноморски договор за жито во јули 2022 година. Договорот, потпишан со посредство на ОН и Турција, овозможи безбедна испорака на украинско жито преку црноморските коридори среде конфликтот меѓу Москва и Киев. Москва се повлече од договорот во понеделникот, како причина наведувајќи го тоа што Западот не исполнил ниедно од ветувањата дадени на Русија според договорот, вклучително и повторно овозможување на извозот на жито и ѓубрива од земјата.