Апокалиптични сцени: Стравично невреме во Загреб – две лица го загубија животот (снимки)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жестоко невреме проследено со силен ветар и обилен дожд ја погоди Хрватска и предизвика хаос во Загреб.

Разорниот ветер носеше сѐ пред себе, а силниот дожд ги поплави улиците. Штетата е огромна. Две лица загинаа, пренесува хрватски Индекс.

„Забележани се два смртни случаи, а неколку лица се повредени во невремето“, потврди за Хина д-р Љупка Хитрова од Наставниот институт за ургентна медицина.

„Имаме двајца мажи кои загинаа како последица од паѓање на стебло. Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова. Таа додаде дека во Институтот се прават спецификации, но дека има голем број повредени во целиот град, а некои се со многу тешки повреди.

Засега не е познат бројот на повредени, а во градот се собира материјална штета. Центарот на Загреб беше поплавен, а сите јавни служби беа излезени на терен.

Поради невремето што го зафати Загреб вчера околу 16 часот, итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени лица, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

Невремето кое траело околу 20 минути, рушело гранки и стебла низ градот. Според фотографиите, на Јарун паднале дрвја врз автомобили, а на некои места буквално биле искорнати. Забележани се однесени лимени покриви во селото Волтино.