Home Шоубизнис Роналдо руши рекорди и на Инстаграм – стигна до 200 милиони следбеници

Роналдо руши рекорди и на Инстаграм – стигна до 200 милиони следбеници

Кристиано Роналдо руши рекорди на надвор од терените, па денес стана првата личност со 200 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Роналдо несомнено е најпопуларниот спортист на светот, а според многумина и најдобар фудбалер на сите времиња, но ако се земат во предвид социјалните мрежи Португалецот е и најпопуларна личност на светот со 200 милиони следбеници на Инстаграм.

Зад Роналдо се најде пејачката Ариана Гранде со 173 милиони следбеници, а трет е актерот Двејн Џонсон со 170 милиони.

Втор најпопуларен фудбалер на Инстаграм е Лионел Меси со 141 милион луѓе кои го следат на оваа социјална мрежа, додека трет најпопуларен фудбалер е Нејмар со 132 милиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …