Романтична есен во стил: Како да останеш шик дури и кога врне
Есента плени со својата магија и ретко кој може да ѝ одолее – совршени температури за прошетки низ градот, моменти за опуштање и стајлинзи кои се и разиграни и крајно креативни, дури и кога небото одлучи да пушти солзи.
Дождливите денови понекогаш изгледаат како моден предизвик, но со вистинските парчиња во гардероберот, секое излегување може да се претвори во стилска авантура. Првото златно правило? Обувки кои можат сè да издржат – било да се тоа омилените патики, елегантни чизми или, секако, култните Hunter чизми кои ги обожуваше и принцезата Дајана. Стилот и практичноста можат да одат заедно, а нозете да останат суви.
Совет број два: слоевитото облекување е твојата тајна моќ. Комбинирај модерно дождовно палто со кошула, oversized џемпер или маичка и подготвена си за секоја капка дожд или промена на температурата. За дополнителен моден момент, додади фармерско сако или елегантен кардиган, каубојски чизми и шик чадор во рака – и веднаш имаш модерен city-chic изглед! Не заборавај: избери панталони и здолништа кои завршуваат до глужд. Дождот не смее да ти го расипе аутфитот, а ти сакаш секој чекор да изгледа гламурозно.
Инспиративни комбинации за дождливите есенски денови те очекуваат во фотогалеријата.