Home Шоубизнис „Роди си дете“ – кога ќе го слушнам тоа… Милена Ќераниќ со кнедла во грлото ја отвори душата за мајчинството

„Роди си дете“ – кога ќе го слушнам тоа… Милена Ќераниќ со кнедла во грлото ја отвори душата за мајчинството

Милена Ќераниќ посакува мајчинство, но не по секоја цена

Пејачката Милена Ќераниќ е позната во јавноста по нејзините турбулентни љубовни врски, кои најчесто завршувале со предавство. Веќе подолго време одбива да го коментира својот љубовен живот, но во последно време сè почесто ѝ се наметнува темата за родителството.

Милена посакува да го искуси мајчинството, но, како што вели, не по секоја цена.

– Кога ќе ми речат: “Што ти е гајле, роди си едно дете”, ми доаѓа да ги искарам. Немам ништо против тоа некој кој сака, да си роди дете. Воопшто не мора да значи дека јас сум во право, но тоа е мојот став – започнува Милена Ќераниќ разговор за „Е Глам“ и открива која е нејзината најголема желба:

– Немојте мене да ми зборувате дека најважно е да родам дете, бидејќи за мене е најважно да имам квалитетна и стабилна личност покрај себе, која ќе го расте истото тоа дете заедно со мене. Па дури и ако не останеме заедно, да го воспитуваме во најголема љубов – истакнува пејачката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…