Рочиштето за „Монструм“ повторно одложено – овој пат заради судијата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Судското рочиште за случајот “Монструм” кое денес требаше да се одржи, повторно е одложено.

Овој пат причина беше отсуството на судијата Осман Шабани поради здравствени проблеми. Реагираа семејствата на жртвите со оценка дека во позадина се играат политички игри.

На денешното рочиште требаше да се слушне заштитениот сведок, кој немаше можност да се искаже ниту на претходното рочиште бидејќи Судот немаше обезбедено технички услови за покривање на лицето и модификација на неговиот глас.

Следното рочиште е закажано за 22 август.