Home Шоубизнис Роберт Саздов е нов уметнички директор на фестивалот „Макфест“

Роберт Саздов е нов уметнички директор на фестивалот „Макфест“

Роберт Саздов е назначен за нов уметнички директор на реномираниот фестивал за забавни мелодии ,,Макфест” кој ќе се одржи на 21-ви и 22-ри октомври во Штип. Тој доаѓа на местото на Владимир Дојчиновски – Дојчин, и за 37-то издание на манифестацијата се најавуваат голем број на промени.

Годинава на сцената на Домот за култура ,,Ацо Шопов” во Штип ќе настапат околу 25 музичари, помеѓу кои Ламбе Алабаковски, Тамара Тодевска, Лара Иванова, Ален Исламовиќ, Викторија Лоба…

Песните биле во модерен стил, и првата вечер е со натпреварувачки карактер, додека пак втората е ревијална.

Оваа година ќе нема награди за освоени места како во минатото, но бил зголемен износот за откуп на композициите.

Новитет е и црвениот тепих за дочек на пејачите, со цел повеќе да се доближат до публиката.

Средства во висина од 4,5 милиони денари за одржувањето биле обезбедени од Општина Штип и од спонзори.

Фестивалот во минатото беше расадник за нови музички таленти, но и место каде настапуваа големи имиња од цела поранешна Југославија. Зад ,,Макфест” останаа голем број на хитови кои и денес се вртат во етерот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …