Крај на уште еден славен брак: Се разведуваат Жизел Бундхен и Том Брејди


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразилската манекенка Жизел Бундхен (41) и НФЛ ѕвездата Том Брејди (45) ангажирале адвокати за развод. Тоа следеше по бројните гласини за кавгите и живеењето на две различни адреси.

– Никогаш навистина не мислев дека оваа кавга ќе им биде крајот, но се чини дека е… Мислам дека сега нема да има враќање назад. И двајцата имаат адвокати и гледаат што ќе повлекува разделбата, кој што ќе добие и какви ќе бидат финансиите – изјавил изворот за „Њујорк пост“.

Гласините се вртеа во последните неколку недели дека двајцата живеат одвоено по нивната епска расправија и сега размислуваат да ја поделат својата империја вредна стотици милиони долари.

Жизел и Том се во брак од 2009 година и имаат три деца, синовите Џек (15) и Бенџамин (12) и ќерката Вивијан (9).

– Го одработив мојот дел за да го поддржам. Се преселив во Бостон и се концентрирав на создавање средина исполнета со љубов за моите деца и го поддржав него и неговиот сон – Жизел претходно објасни како ја ставила сопствената кариера на пауза поради семејството.