Славни

Рита Ора: Ми требаа пет години за да го направам ова

Рита Ора го најави враќањето во музичкиот свет и тоа со музика на која работела цели пет години. Таа им откри на нејзините обожаватели неколку детали за албумот, кој ќе излезе оваа година.

„Албумот ќе излезе во ноември, а на него работев со години. Ќе има многу мои колеги и ќе слушнете големи изненадувања“, изјави Рита.

И покрај обврските, Рита најде време за да пее за жртвите од зградата Гринфел во Лондон, заедно со уште 50 други пејачи.

To Top