Home Шоубизнис Ријана има терсене смисла за хумор

Ријана има терсене смисла за хумор

За време на гостувањето во „The Graham Norton Show“, Ријана уште еднаш покажа дека има терсене и бескомпромисна смисла за хумор.

Водителот Греам Нортон го интересираше дали неговите гостинки, Ријана, Хелена Бонам Картер, Сандра Булок, Кејт Бланшет и Сара Полсон биле гости на овогодинешната Мет Гала.

Додека останатите актерки од филмот Ocean’s 8 кажаа дека присуствувале на гламурозниот и престижен настан, Хелена Бонам Картер изјави дека не била на Мет Гала.

„Тоа е така затоа што носиш вакви фустани“, експресно распали со својата смисла за хумор Ријана, покажувајќи со прст на фустанот од Картер.

Сите присутни во шоуто веднаш прснаа во смеа, вклучително и Хелена изјавувајќи дека знае оти таа е причината. „Нема сега да плачам“, додаде актерката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …