Актуелно

Реакција на Героски после вчерашната недолична изјава на премиерот Заев

Синоќа, после недоличната изјава на премиерот Зоран Заев дека нема да дозволи „некои криминалци, суетен новинар и еден педер“ да ја срушат владата на чие чело е тој, со реакција на Фејсбук се огласи новинаро Бранко Героски.

„Вечерва (синоќа), после скандалозната изјава на Заев, бев мета на организирани напади на сдсмовските ботови, но и на многу приврзаници на Заев кои не можат да се соочат со вистината дека нивниот обожуван лидер не е она што беше.

Ќе бидам искрен и ќе ви кажам дека многу ми е жал што Заев влезе во ваков филм. Никогаш не помислував дека од овој човек, од мојот пријател Зоки, можам да се надевам на вакво нешто. Ваква оркестрирана харанга, вакви страшни и неосновани клевети. Се прашувам дали ноќеска треба да очекувам партиската војска да ми тропне на врата или нешто уште пострашно да се случи…
Во меѓувреме, од листата на пријатели и следбеници на Фејсбук, избришав и изблокирав многу луѓе за кои вечерва конечно сфатив дека не се способни да мислат со сопствените глави и не го зсслужуваат моето внимание.

Тоа е мојот акциски план и за наредните денови. Кој сака да ме клевети и навредува, ќе мора тоа да го прави на сопствениот ѕид. Јас немам ни време ни енергија со таквите ликови да терам полемики.“

Advertisements
To Top