Раскина со Орландо, па нова фризура и насловна за Vogue – Кети во елемент


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раскинувањето со глумецот Орландо Блум, Кети Пери го обележа со радикална промена на нејзиниот стил и сликање за насловната страница на магазинот Вог.

Иако беа заедно на забавата по овогодинешното доделување на Оскари, Кети Пери и Орландо Блум, само два дена подоцна преку своите портпароли соопштија дека не се веќе заедно.

По ова раскинување, Кети Пери, родена како Катерин Хадсон, одлучи да да ја промени нејзината фризура, па сега е русокоса со кратка коса.

Таа ќе биде и на насловната страница на магазинот Вог, а во интервјуто открива за растењето во конзерватинвно христијанско семејство и зборува повеќе за нејзините политички ставови.

Пејачката раскажува како во нејзиното семејство било забрането маскирањето за Ноќта на вештерките, како и дека не смеела да слуша модерна музика ниту да се облекува како нејзините врснички.

A post shared by Vogue (@voguemagazine) on

Пери ја поддржа Хилари Клинтон на претходните претседателски избори во САД, а неоадмна ги презентираше и чевлите кои што ги дизајнирала за Хилари.