Home Шоубизнис Рамина Ашфаке ги руши предрасудите

Рамина Ашфаке ги руши предрасудите

Рамина Ашфаке во 2016 година беше прогласена за Miss Earth Pakistan, а претходно освои дури шест титули на избори за убавина.

Рамина е родена на 15 јуни, 1992 година, во градот Карачи во Пакистан. Оваа убавица, покрај со моделинг, се занимава и со актерство и ТВ новинарство. Има дипломирано на Универзитетот на Флорида, на студиите за комуникологија, а досега имала неколку насловни страни на престижните списанија. Исто така, има реализирано и неколку улоги во боливудските филмови.

Рамина ги руши предрасудите кога станува збор за моделите од нејзината родна држава, а со своите продорно сини очи успева да ги освои срцата на многу обожаватели кои ги има.

„Сакам да го променам мислењето на луѓето и да им покажам на малцинствата од конзервативните средини како е да се биде модерна жена, а во исто време и да се почитува и сака совјата култура. Целта ми е да ги проширам видиците во конзервативните средини, каков што е мојот Пакистан, и да им покажам дека е сосема во ред да се одвоите од традицијата и да постигнете нешто големо“, истакнува Ашфаке.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Микајла Ногејра открива како предозирањето на поранешниот сопруг Коди Хокен доведе до развод: ‘Тоа те трауматизира’

Микајла Ногејра споделува ретки детали за тоа што доведе до крајот на нејзиниот брак. Во ф…