Home Вебкафе Рајот за љубителите на пивото буквално е на небото – сместен во авионот од оваа компанија

Рајот за љубителите на пивото буквално е на небото – сместен во авионот од оваа компанија

JetBlue е име на позната њујоршка нискобуџетна авиокомпанија која заедно со познатата бостонска пивара Samuel Adams ги здружија силите со цел на своите патници кои се обожаватели на пивскиот пијалок да им овозможат дегустација на прочуените пива на оваа пивара.

Дегустацијата ќе се одвива на летот за Денвер, каде во текот на октомври се одржува големиот американски фестивал на пивото.

За достојно и прописно одбележување на оваа соработка ќе биде претставено и ново пиво кое ќе биде промовирано на летот, кој е закажан за 5-ти октомври. Во текот на летот од Њујорк до Денвер, основачот и сопственик на бостонската пивара Џим Кош ќе ги води патниците низ светот на занаетските пива.

Патниците ќе имаат можност да пробаат три различни пива, од кои две остануваат непознати до самиот лет, а третото е Samuel Adams Octoberfest. Освен дегустација, патниците ќе ги чекаат и разновидни тематски пивски активности и многу други изненадувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…