Home Шоубизнис Р. Кели се враќа во затвор – овој пат за неплаќање алиментација

Р. Кели се враќа во затвор – овој пат за неплаќање алиментација

Чикашкиот судија му одреди мерка притвор на раперот Р. Кели поради неплаќање на старателство во износ од 161.000 долари на неговата бивша сопруга и децата.

Ова се случува по само неколку часа откако тој беше гостин во телевизиско интервју каде ревносно и револтирано се бранеше себеси дека не е силувач.

Минатиот месец Кели беше обвинет по десет точки за сексуална злоупотреба на четири женски жртви, од кои три во тоа време биле малолетни.

Р.Кели се изјасни како невин и беше пуштен да се брани од слобода со кауција, откако помина три ноќи во затвор. Но, сега повторно се враќа зад решетки поради неплаќање алиментација како финансиска обврска кон неговата бивша жена и децата.

Неговиот адвокат изјави за судот дека раперот има финансиски проблеми и дека неговите финансии се во хаос.

Кели се соочува со кампања за бојкот на неговата кариера и музика, во која сите негови договори за снимање беа откажани и раскинати.

Р. Кели беше спремен да исплати дел од долгот за алиментација во висина од 60.000 долари на неговата бивша сопруга, Андреа Кели, но судијата одреди дека раперот мора да ја исплати целата сума од 161.000 долари.

Следното судско рочиште за Р. Кели е закажано за 13 март.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …