Home Живот и здравје Пушачите поранливи од коронавирусот од другите луѓе – затоа треба да се повнимателни

Пушачите поранливи од коронавирусот од другите луѓе – затоа треба да се повнимателни

Бидејќи при пушењето цигара прстите често доаѓаат во допир со усните, тоа ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста, апелира министерот Венко Филипче.

Ова ги прави пушачите поранливи на Ковид-19 и затоа треба да бидат особено внимателни, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Пушачите, посочува министерот, исто така може да имаат веќе заболувања на белите дробови или намален капацитет на белите дробови, што во голема мерка може да го зголеми ризикот од сериозни заболувања.

Состојби што ги зголемуваат потребите за кислород или ја намалуваат способноста на телото правилно да го користи, ги става пациентите со поголем ризик од сериозни белодробни заболувања, како што е пневмонијата, истакнува Филипче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Томато диета – ослабете 5 килограми за 6 дена

Диета со домати – ослабете 5 килограми за 6 дена За оние кои не можат долго да бидат на ди…