Пуџдемон отстапи, прогласувањето на независност на Каталонија одложено


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, синоќа, во обраќањето во каталонскиот Парламент, што се чекаше нестрпливо, предложи одложување на прогласување на независноста за да се пружи шанса на дијалогот.

Пуџдемон имено побара на неколку недели да се суспендира прогласувањето на независноста за да почне дијалог бидејќи во овој момент е потребно да се намали напнатоста.

Претходно од Парламентот тој побарал мандат за прогласување на независност на Каталонија, за потоа да побара суспендирање на декларацијата за прогласување независност.