Home Актуелно Пуч во Судан – уапсен диктаторот Омар ал Башир и срушен 30-годишниот режим

Пуч во Судан – уапсен диктаторот Омар ал Башир и срушен 30-годишниот режим

Во револуцијата која неколку месеци го тресеше Судан, конечно е срушен 30-годишниот владејачки диктаторски режим и наводно е уапсен претседателот Омар ал Башир, а Владата беше распуштена.

Некои светски медиуми јавуваат дека Башир е уапсен, заедно со него и неколку министри. Во секој момент се очекува официјално соопштение од армијата, која самата го најави за она што се случува во главниот град Картум. Според информациите, група воени офицери наводно влегле во зградата на националната радио и телевизија, со барање да се вклучат сите програми.

Сведоци велат дека војската е распоредена околу зградата, но и низ целиот Картум, а десетици илјади суданци веќе маршираат низ улиците. Радиото веќе емитува национални песни, истакнувајќи дека тоа се случува во земји пред да се случи државен удар. Трупи на оклопни возила се распоредени околу претседателската палата и министерството за одбрана. Во вчерашниот судири меѓу демонстрантите и владините сили загинаа 14 луѓе, јавуваат активистите.

Башир на власт дојде пред 30 години по извршен државен удар, а по 4 години Америка го ставија него и неговата влада на листата на спонзори на терористи, и им воведе санкции. Обвинет е во Хашкиот суд дека извршил геноцид во Дафур.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…