
Сузана Јовановиќ пристигна во Белград со ќерката и синот
Сузана Јовановиќ пристигна во Белград од Париз со ќерката Александра и синот Даниел, каде престојуваа во изминатиот период заедно со сопругот Саша Поповиќ, кој почина во саботата, на 1 март.
Директорот на „Гранд“ дознал дека боледува од карцином сосема случајно, откако ја скршил ногата. По откривањето на болеста, докторите го лекувале Поповиќ со најсовремени методи, но за жал ја загуби битката.
Сузана Јовановиќ беше покрај сопругот до самиот крај. Сега пристигна во Белград со децата, но сè уште не го посетиле семејниот дом на Бежаниска коса.
Неформални извори наведуваат дека прво заминале на Новите гробишта, а потоа се упатиле и кон Бежаниското гробиште за да го разгледаат местото, односно црквата Св. апостоли Тома, каде што ќе биде одржано опелото.
Погребот и комеморацијата за Саша Поповиќ ќе се одржат во четврток, на 6 март. Продукцијата „Гранд“ го објави точниот термин на погребот. Според официјалното соопштение, семејството ќе прима сочувство од 12 часот, опелото е закажано за 13:45 часот, додека погребот ќе биде во 14:30 часот.
„Не сакаше да биде погребан во Алејата.“