
Први фотографии: Сузана со ќерката пристигна дома на Бежанија
Сузана Јовановиќ пристигна во Белград од Париз со ќерката Александра и синот Даниел, каде што во изминатиот период престојуваа со сопругот Саша Поповиќ, кој почина во саботата, на 1 март.
Челникот на „Гранд“ сосема случајно дознал дека боледува од рак, откако ја скршил ногата. По откривањето на болеста, докторите го лекувале Поповиќ со најсовремени методи, но за жал, ја загуби битката.
Сузана Јовановиќ била покрај сопругот до неговиот последен ден. Сега со децата пристигна во Белград, а најпрво го посетија гробиштата.
После тоа, Сузана со ќерката Александра замина во семејниот дом на Бежаниска Коса.