Прво годишно обраќање на Пендаровски пред Собранието – еве што порача


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот претседател Стево Пендаровски денес во Собранието го одржа неговото прво годишно обраќање пред пратениците кое традиционално претседателот го држи пред Нова година.

Веднаш по априлските изборите да се прочистат судиите, обвинителите, но и политичарите побара денеска шефот на државата Стево Пендаровски. Тој апелираше до политичарите со ветингот да почнат од своите редови, пренесува Телма.

„Сакам уште од сега јавно да ѝ порачам на следната власт: веднаш по изборите спроведете прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но, прво, кај нас ‒ политичарите. И за секого за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер, треба веднаш да следи не оставка, туку кривична постапка“, Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

Пендаровски во обраќањето од критики не го поштеди и правосудството за незавршените судски процес и за застарувањето на слуачите, а како врв за лошите состојби таму ја посочи аферата „Рекет“. За него е неприфатливо и како ниту една институција досега јавно не кажа како е воможно Груевски да избега од државата. Тој недвосмислено посочи на поврзаноста на судството со политиката и бизнисите.

„Еден факт не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија – безмалку три децении сме независна држава, а, ниту еден висок политичар или преку ноќ збогатен бизнисмен нема завршено зад решетки, а таму требаше да завршат многу повеќе од еден“, рече Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

Пендаровски во делот на внатрешната политика се осврна на она што измината недела ја разбранува јавноста, мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици. Според него Комисијата не вели дека Законот е противуставен, ниту дека на Албанците им се дадени преголеми права, но се согласува со европските правници дека држвава во моментов нема капацитет и ресурски да го спроведен Законот.

„Со други зборови каквои фајде од законот, ако неговите одредби останат само на хартија“, рече Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

Претседателот во обраќањето се осврна и на проблемите со загадувањето на воздухот и на иселувањето на младите за што рече дека се теми за кои мора да се создадат надпартиски, национални стратегии и политики. Развојот на земјата во идните 10 години е третат тема за која Пендаровски побара политички консензус во креирањето на политики и приоритети. Информираше дека веќе формирал тела кои работат на стратегијата МКД 2030.

Во делот на надворешната политика Пендаровски фокусот го стави на Договорите со Бугарија и со Грција, за чија имплементација рече дека се одговорни и двете страни. Тој конкретно се осврна и на работата на Комисијата за историските прашања со Бугарија, констатирајќи дека нејзината работата и е забавена.

„Ние сме апсолутно подготвени да ги соочиме аргументите за одредени историски контроверзи поврзани со различните толкувања на еден ист настан или личност …. меѓутоа, правото да се идентификуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик било и ќе биде надвор од било каква дебата, бидејќи тоа се одамна завршени историски процеси“, порача Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

Пендаровски кој сам си го напишал годишното обраќање, истото го заврши со повик до политичарите за фер и демократски избори во арил, со високо ниво на политичка култура на прифаќање на победа или пораз.