Home Шоубизнис Прва фотографија по година дена медиумска изолација – Јелена Јанковиќ денес изгледа сосема поинаку

Прва фотографија по година дена медиумска изолација – Јелена Јанковиќ денес изгледа сосема поинаку

Поранешната тенисерка, Јелена Јанковиќ, пред пет дена го прослави својот јубилеен четириесетти роденден, а сега одлучи да излезе од медиумската илегала што траеше со години.

Имено, таа преку својот Инстаграм ѝ се обрати на „Црвена звезда“, која денес слави 80 години постоење, па по подолго време се појави во видео-честитка за клубот на кој му е верен навивач.

Со оваа прилика, Јелена Јанковиќ покажа дека направила низа промени во својот изглед – се ишишала и ја променила бојата на косата.

Нејзината нова фризура е подолг паж со коси шишки, додека црната боја на косата, по која беше препознатлива со години, ја замени со кафеава.

Јелена Јанковиќ

Антонио Ахел/ATAImages

Да потсетиме, Јелена Јанковиќ во 2021 година се оствари во улогата на мајка, а со својот партнер, докторот Бранко Бараќ, и ќерката живее на релација Лос Анџелес – Белград.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …