Прв француски вооружен напад со дрон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерството за одбрана на Франција ја пренесе информацијата дека Франција во саботата во Мали го извршила првиот оружен напад со беспилотно летало. Во рамки на овој напад биле егзекутирани седум исламистички екстремисти во централниот дел на земјата.

Франција со тоа се придружи на малата група земји кои користат оружени дрпнови, меѓу кои се и САД, пренесува Асошиејтед прес.

Француската војска успешно го тестирала својот оружен дрон „рипер“ за прв пат викендов, токму при посетата на претседателот Емануел Макрон на соседниот Брег на Слоновата коска каде има воена база.

Француската министерка за одбрана Флоренс Парли кажа дека дроновите ги штитат француските војници и ефикасно го одвраќаат непријателот, како и дека им овозможуваат на француските војници поголема флексибилност.