Најавено затворање на специјалниот завод „Демир Капија“ до 2021 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според предвидениот план на Министерството за труд и социјална политика, до 2021 година се планира сите 189 лица со интелектуална попреченост кои сега живеат во специјалниот завод „Демир Капија“, да бидат сместени во групни домови. Процесот на деинституционализација треба да значително да го подобри живеењето на овие лица, кое е современа социјална услуга што овозможува корисниците да живеат во средина која личи на семејната, пренесува Мета.

Дел од овој завод периодов се реновира. Кога ќе заврши целосно процесот, зградата ќе се пренамени. Засега е неизвесно каква ќе биде пренамената.

„Лицата се поделени во два блока. Капацитетот на заводот е за 250 лица. Дел од корисниците се веќе префрлени во Неготино и во Корешница, како и во Скопје каде што има пет групни домови. На почетокот имаше отпор кај вработените кои стравуваа за своите работни места. Ако сега ги прашате, никој нема да ви каже дека сака да се врати повторно на работа во институција. Иако овде имаме лица со потешки пречки, но тие не се затворени со решетки и не се изолирани. Во станбените единици имаме ангажирано 13 негователи и еден физиотеравпевт со оглед на тоа дека се работи за корисници со телесна и интелектуална попреченост“, информира директорката на заводот Александра Велковска.

Пред 11 години за прв пат се актуелизираше деинституционализацијата.

„Тогаш за прв пат беше донесена стратегија 2008-2018, согласно која околу 60 лица го напуштија заводот и отидоа да живеат во групен дом. Во неколку групни домови живеат по пет лица“, вели консултантот за процесот на деинституционализација Владимир Лазовски.