Протест: Стоп за насилството врз здравствените работници


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последен предупредувачки протест со најава дека следниот доколку се случи нема да запре. Насилството врз медицинскиот персонал мора да престане а надлежните да обезбедат подобри услови за работа, повисоки плати но и и донесување на подобри законски решенија.

Ова се барањата кои вработените во здравствените установи ширум земјава денеска ги пратија од протестите на белите мантили. Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари , подржани од претставници на Синдикатот, Лекарската комора но и Итната медицинска помош пред Клиничкиот Центар во Скопје предупредуваат состојбата во здравственбиот систем станува алармантна . Меѓу барањата – и да има 24 часовно обезбедување во клиниките .

Иако протестите беа против актуелните владини политики во овој сектор но и оние кои останале од претхопдната влада на протестот дојде и министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека дошол да даде поддршка на здравствените работници но и да испрати заеднички порака дека веќе се работи на нови законски решенија кои би овозможиле подобри услови за работа .

Постоечката законска регулатива предвидува казна за сторителите на физички напад врз медицинско лице од 1 до 10 години и затвор . Последниот случај на напад врз медицинско лице беше пред една недела во една од скопските клиники. До лекарската комора велат стигнуваат претставки но тие се уште се разгледуваат и за сега не кажуваат за колкава бројка се работи . Насилството врз вработените во здравствениот сектор е само еден од сегментите кој беше изнесен како проблематичен на протестите кои се одржаа претпладнево во голем број клиники и здравствени установи ширум земјава.

Извор: ТВ 24