Home Актуелно Пропаѓањето на Silicon Valley Bank – втор најголем банкрот на финансиска институција во историјата на САД

Пропаѓањето на Silicon Valley Bank – втор најголем банкрот на финансиска институција во историјата на САД

Банкротирањето на Silicon Valley Bank е втор најголем банкрот на некоја финансиска институција во историјата на САД.

Парите на банката ѝ се запленети откако штедачите, главно вработени во технолошката индустрија, почнаа да повлекуваат пари.

Имотот на банката е запленет од американската Федерална корпорација за осигурување на депозити, јавува Си-Ен-Ен, кој пренесува дека банката на крајот на минатата година имала имот од 209 милијарди долари.

Две недели пред банкротот, извршниот директор на банката Грег Бекер, продал 3,6 милиони долари од акциите на компанијата.

Тој продал 12.451 акција на матичната компанија SVB Financial Group на 27 февруари за прв пат по повеќе од една година.

Овој е најголем колапс на една американска финансиска институција во последните 15 години, по колапсот на банката Вашингтон мјутуал за време на финансиската криза во 2008 година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…