Home Актуелно Еден загинат и пет ранети лица во експлозија на бомба за време на доделување на новинарски награди во Авганистан

Еден загинат и пет ранети лица во експлозија на бомба за време на доделување на новинарски награди во Авганистан

Во авганистанскиот град Мазар-е-Шариф денеска експлодираше бомба за време на доделување награди за новинари. Едно лице го загуби животот во експлозијата, а пет лица се повредени, изјави портпаролот на талибанската полиција.

Експлозијата се случила во центарот „Табиан Фарханг“ во Мазар-е Шариф, главниот град на провинцијата Балх, околу 11 часот кога новинарите се собирале на церемонијата на доделување, изјави Мохамад Асиф Вазири, портпарол на локалната талибанска полиција.

Тоа се случи два дена откако во бомбашки напад во Мазар-е-Шариф загина гувернерот на провинцијата Балх, Дауд Музмал и уште две лица, а ранети беа четири луѓе.

Во денешната експлозија беа ранети и новинари. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…