Home Актуелно Пронајдена една црна кутија од рускиот авион кој се урна во водите на Црно Море

Пронајдена една црна кутија од рускиот авион кој се урна во водите на Црно Море

Нуркачи ја пронајдоа една од црните кутии на рускиот авион кој се урна во Црно Море, изјави извор на спасувачките служби.

За време на истрагата пронајдена е една црна кутија под кабината на авионот. Наскоро таа ќе биде извадена од водата, истакна изворот.

Според него, во задниот дел на авионот има уште две црни кутии, кои засега не се откриени.

Изворот на спасувачките служби нагласи дека на местото на авионската несреќа се пронајдени телата на тројца загинати.

Во текот на ноќта беа пронајдени телата на тројца загинати и голем број останки, изјави изворот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…