Променливо облачна среда со сончеви периоди


Топ 10 најголеми фудбалски дербија


Денеска во Македонија ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди.

Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо oблачно со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец и дневна температура до 18 Целзиусови степени. Маврово 9, Охрид 15, Битола 16, Крива Паланка 14, Берово 13, Кавадарци 18, Дојран 20.