Проклетството на Кенедиеви продолжува: Најдено мртвото тело на внуката, се трага по нејзиниот син


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


По неколкудневна потрага, службите го најдоа безживотното тело на Мејв Кенеди Таусенд Мекин, внуката на Роберт Ф. Кенеди, која исчезна со нејзиниот син во Мериленд, САД.

Мејв и 8-годишниот Гидеон исчезнале доцна во четвртокот попладне во заливот Чезапикеј во близина на Анаполис, а во близина на местото на исчезнување било пронајдено празно кану.

Една од агенциите што ги бараше, го пронашла телото на Мејв на длабочина од околу 8 метри, на околу 4 милји јужно од домот на нејзината мајка во Шадид Сајд, Мериленд, од каде што тргнале на кајакарење.

Потрагата траела повеќе од 26 часа и била пребарана површина од 5887 километри. По момчето сè уште се трага.

Според „Њујорк пост“, Мејв и нејзиниот син играле со топка што паднала во вода и тие тргнале со кајак по неа. Отишле предалеку и не можеле да се вратат, изјави сопругот на Маева, Дејвид Мекин.

„Тие завршија во притоката на Јужна Река каде што се удавиле“, потврди гувернерот на Мериленд, Лари Хоган. Мејв ја советуваше администрацијата на Обама за глобалната програма за СИДА и волонтирала во мировните сили во Мозамбик. Имала 40 години.

Роберт Френсис Кенеди, нејзиниот дедо, беше политичар и правник, брат на поранешниот претседател на САД, Џон Фитџералд Кенеди. Како и брат му Џон, Роберт беше убиен во атентат.