Професорката Силјановска поднела кандидатура до ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 9 кандидати за Конвенцијата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вкупно девет кандидатури пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ за претстојната Конвенција на која ќе се избира кандидат за претседател на државата, дознава Лидер од извори во партијата.

Изворот за порталот потврдува дека професорката Гордана Силјановска Давкова по иницијативата на 30 интелектуалци, кои побараа од неа да се кандидира за претседател, испратила кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај неа кандидатури се поднесени и од пратеникот Владимир Ѓорчев, Филип Петровски и од уште шест други кандидати кои се помалку познати на јавноста.

Помеѓу нив има имиња на професори од Машинскиот факултет и Природно математичкиот факултет. Кандидатура поднел и еден поранешен градоначалник на Виница, како и претседателот на Комората за енергетика.

Се очекува сите девет кандидати да учествуваат на Конвенцијата, која што ќе се одржи на 16 февруари во Струга.