Продолжува потрагата по третиот Македонец кој исчезна во водите кај Псоиди


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Грчката крајбрежна стража и спасувачки екипи денеска ја продолжуваат потрагата по 28-годишниот Македонец кој во саботата заедно со неговите двајца другари исчезна во водите на Егејското Море кај Псоиди, на првиот крак Касандра на Халкидики.

Васил Брезовски (25) и 30-годишниот Иван се спасени и се надвор од животна опасност.

Во саботата попладнето тројцата другари го прославувале роденденот на Иван, по што решиле да скокнат во морето да се избањаат. Мештаните велат дека тие го избегнувале тоа место за капење поради лошите морски струи. Но местото не било обележано. По само неколку минути, според изјавите на Брезовски, тројцата веднаш биле однесени од морските струи во длабокото. Васил бил пронајден само неколку часа откако се изгубиле, а Иван поминал 19 часа во вода и според изјавите на спасувачите на површината од морето се одржувал со помош на едно мало топче кое случајно го нашол.

Во потрагата по исчезнатиот учествуваат два патролни брода, седум чамци и еден хеликоптер. Се трага и по брегот со неколку патролни возила и спасувачки екипи.