Понеделничка временска прогноза


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Денешниот јулски понеделник времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 27 Целзиусови степени, Маврово 15, Охрид 24, Битола 25, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 27, Дојран 28.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, УВ индексот ќе биде 8, а дневните температури ќе се движат од 17 до 30 степени.