Прилеп Џез Фестивал сепак ќе се одржи по осми пат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Здружението ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ со задоволство Ви го најавува осмото издание на Prilep Jazz Weekend, кој е еден од најзначајните културни случувања во нашата земја.

Овогодинашниот фестивал ќе се одржи на 13, 14 и 15 септември во салата на Кино Мис Стон, а почетокот на концертите е во 21.00 часот.

Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма, а прилепската публика ќе има можност да ужива во настапот на врвни музичари од Македонската џез сцена. Богатата програма на фестивалот со пет концерти и филмска проекција ветува ново искуство и незаборавно доживување за сите љубители на џезот.

Почетокот на фестивалот ќе го означи документарецот со џез содржина BLUE NOTE во режија на Јулијан Бенедикт и Андреас Морел, а концертот што следува е новиот проект на Доријан Јовановиќ.

Вториот ден на фестивалот обединува музичари со големо искуство, кои своето музичко знаење го стекнале во земјава и странство. Тоа се Триото на Тони Китановски и џез ансамблот Кукурек,чии членови се едни од највлијателните македонски џез музичари од помладата генерација.

Финалната вечер е резервирана за квартетот на извонредниот гитарист Џоле Грујовски и Кабадајас, сега како трио, чиј жанр е мешавина од традиционалните ритмички изрази, со длабоко влегување во сферите на џез фузијата.

Целосната програма со повеќе детали може да се види на следниот линк: www.prilepjazz.mk Влезниците за фестивалот се во висина од 400 денари (пакет за трите дена) со кои следува подарок CD од дуплата компилација PRILEP JAZZ WEEKEND, а иститеможе да се набават во CITY TOBACCO PRILEP (на плочникот).

Нека Prilep Jazz Weekend биде место за ширење на музичката мисла, љубов и радост !!!
Информации и резервации за фестивалот : 075 770 600 и 076 432 953