Претседателски избори во САД 2020: Неколку клучни држави соопштија дека нема да можат за брзо да ги соопштат резултатите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За конечните резултати од претседателските избори во САД ќе почекаме уште некое време, бидејќи неколку клучни држави синоќа соопштија дека нема да ги објават тамошните резултати во текот на вечерта.

Изборните власти во Мичиген, Висконсин и Пенсилванија соопштија дека синоќа (по локално време) нема да можат да ги соопштат изборните резултати.

Мичиген носи 16, Висконсин 10, а Пенсилванија 20, што значи дека на вкупно 46, веројатно одлучувачки, електорски гласови ќе мора да се чека некое време.

Според Си Ен Ен Доналд Трамп има 132, а Џо Бајден 205 електорски гласови. Според АП, Трамп – 137, Бајден – 209. Според Фокс Трамп – 204, а Бајден – 227 електорски гласови.

Вкупно има 538 електроски гласови, а за место во Белата куќа потребни се 270.