Претепано 14-месечно бебе – од повредите го изгуби видот на едното око


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Четиринаесет месечното бебе кое моментално се опоравува на одделот за интензивно лекување од клииката за детска хирургија, а кое беше брутално претепано, последен пат било однесено на лекар пред три месеци, но поради инфекција на дишните патишта.

Бебето имало матичен педијатар, но никогаш не било однесено поради скршеници или други сериозни повреди – ова го откриле здравствените инспектори кои направиле истрага на сопствена иницијатива.

Девојчето не било евидентирано ниту во вакциналниот пункт. Од излегувањето од родилиштето не примила ниедна вакцина. Но досега ниту МВР, ниту Обвинителството не го побарале извештајот на Државниот здравствен инспекторат.

„До овој момент, овој извештај за контроли и прегледи на детето кај матичен лекар го нема побарано ниту една институција.“ – вели Ирина Бухова – директорка на ДЗСИ.

Со лонгета на десната нога, и без вид на едното око, но надвор од животна опасност – 14 месечното бебе и натаму е на одделот за интензивно лекување на клиниката за детска хирургија. Долга е листата на повредите кои ги добила на мозокот, како резултат на тепањето. Лекарите не сакаат да прогнозираат какви здравствени последици ќе има, се додека не заврши лекувањето, но со оглед на повредите и скршениците, постои ризик да има проблеми со слухот, говорот и со одењето.

„Ќе има последици, повреда на две потколеници и ќе има проблеми во локомотивниот систем. Ќе му треба медицински надзор.“ – вели д-р Марјан Камиловски – детски хирург.

Додека медицинскиот персонал на клиниката дава се од себе за да ги санира повредите од тепањето на бебето – МВР се уште утврдува кој е насилникот. Оттаму велат дека уште се работи на истрагата. Мајката на девојчето беше задржана 24 часа во полициска станица, но од МВР не соопштија дали открила кој ја претепал нејзината ќерка. Моментално таа е во шелтер центар, а за нејзината ќерка сега се грижи социјален работник.