Пресни ритми и рими од Боро Бро – „Тој чести“ искрен хип-хоп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Боро Бро, сериозен играч од Прилепскиот асфалт, за музикат, за рапувањето и римувањето вели:

„Ова е тоа што ме исполнува, што сакам да го работам, музиката е моето секојдневие и мојата енергија сакам тука да ја споделам. Започнав со пишување уште на помлади години, виновник е мојот живот, и со оваа песна сакам да се претставам во најдобро светло на сцена. Мотивација добивам од секојдневието, пишувам за она што го гледам, живеам и работам. Оваа песна ја напишав затоа што по природа сум таков, сакам да ги гледам луѓето среќни, весели и разиграни. Долго време го очекував овој момент, спремам и албум, здравје боже, брат, да биде сè како што треба, па и тој ќе си излезе како што треба. Отворен сум за соработка, сакам да пишувам, без разлика дали сум на копно или на вода, затоа што подолго време работев на брод и одлучив дека ова сакам да го работам. Исполнет сум со позитивна енергија и спремен сум таа иста енергија да ја споделам со сите луѓе. Очекувајте во иднина повеќе од мене, ова е само еден мал почеток. Ви благодарам, убави луѓе“.