Премиерот Спасовски побара од Собранието разрешување на министерката Мизрахи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Техничкиот премиер Оливер Спасовски побара од пратениците во Собранието разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Ваквиот предлог од премиерот утрово бил доставен до собраниските служби и истиот треба да биде ставен на дневен ред на следната седница.

„За сѐ може да има компромис, но, за непочитување на Уставот нема компромиси. Ако опозицијата мисли дека ситнопартиски интереси се поважни од иднината на државата, се лаже“ – изјави премиерот Спасовски.

Причина за доставениот предлог за разрешување на техничката министерка Мизрахи е нејзиното одбивање да ја постави таблата со новото уставно име „Република Северна Македонија“ за време на прес – конференциите што ги држи во седиштето на Министерството за труд и социјална политика.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров веќе посочи за пристигнатата вербална нота од Грција поради користењето на таблата на Министерството за труд и социјална политика, на која е испишано старото име „Република Македонија“. Поради фактот што станува збор за државна институција, со користењето на старата табла не се почитува Договорот од Преспа од страна на Министерството за труд и социјална политика.