Преку герила акција се бара разрешување на Ванковска од професорската функција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Преку герила акција организирана од „Албанскот младински форум“, со поставување на плакати во дворот на УКИМ, до Ректоратот на универзитетот беше испратена порака за разрешување на Билјана Ванковска од нејзината професорска функција, пренесува ЦивилМедиа.

Неколку фотографии на професорката испишани со зборовите „отказ“ осамнаа во дворот на Универзитетот, како реакција на ужасниот говор на омраза на професорката Ванковска по повод трагичната автобуска несреќа.

Активистите од „Албанскиот младински форум“ го осудуваат говорот на омраза што поттикнува само меѓуетничка провокација и омраза, и бараат од надлежните државни институции – Владата, Обвинителството, Ректоратот на УКИМ, да преземат казнени мерки и разрешување во случајот со професорката Билјана Ванковска.