Префрлањето од посно на мрсно може да биде опасно за телото – следете ги овие правила


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доколку сте се придржувале на божиќните пости, мора да имате на ум дека прејадувањето со мрсна храна после долгиот период на постење може да биде опасно за организмот и може да предизвика бројни пореметувања во неговото функционирање.

За време на постот, кој траеше 40 дена, организмот се навикнал на еден вид на храна и сега, кога е време да се вратите и на мрсното, мора да се воздржувате од консумирање на некои намирници. Во спротивно, вашиот организам ќе дожувува шокови.

Поради тоа, ви пренесуваме неколку совети како да го избегнете прејадувањето, а со тоа и здравствените проблеми.

Умерен доручек

Важно е за време на семејните доручеци да имате умерени оброци. На тој начин постепено ќе го навикнувате вашиот дигестивен систем на совладување на „тешките“ јадења. Дајте му време да ја свари маснотијата која некое време сте ја избегнувале.

Пилешкото е подобро од свинското

Кога ќе се префрлате од посна на мрсна храна, најдобро е да започнете со пилешко, иако најчесто празничните трпези „тежат-лежат“ од потешки меса. Пилешкото содржи многу помалку масти, а повеќе протеини.

Без оглед на тоа што вашиот организам се одвикнал од нив, побрзо и полесно ќе ги свари протеините отколку мастите. Покрај тоа, протеините не се штетни за крвните задови.

Избегнувајте торти и колачи

Мрсните десерти најчесто содржат маргарин и млеко, чие нагло внесување во организмот може да го поремети вашиот метаболизам. Поради тоа, ве советуваме уште некое време да се држите до посните десерти, бидејќи шеќерниот шок може да биде подеднакво лош.

Избегнувајте торти и други „тешки“ благи работи, бидејќи промената во исхраната мора да биде постепена. Исто така, енергетските состојки кои ги внесувате треба постепено да се зголемуваат.