Home Живот и здравје Предлог на Европската комисија: Сертификатот за вакцинација против Ковид-19 во ЕУ да важи 9 месеци од втората примена доза

Предлог на Европската комисија: Сертификатот за вакцинација против Ковид-19 во ЕУ да важи 9 месеци од втората примена доза

Европската комисија (ЕК) предлага да се ажурираат правилата за движење во ЕУ кои беа воведени за справување со ковид-пандемијата. Предлогот на ЕК е сертификатот за вакцинација да важи девет месеци од втората примена доза на вакцината против коронавирусот, а потоа да биде потреба и трета или т.н. „бустер“ доза.

Се предлага важноста на сертификатот да биде девет месеци затоа што се зема предвид препораката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) трета доза да се прима шест месеци по ревакцината, па ЕК дава дополнителен период од три месеци за да се адаптираат националните кампањи за вакцинација и со цел да се остави време граѓаните да може да се вакцинираат со третата доза.

На ниво на ЕУ, околу 76 отсто од полнолетната популација е вакцинирана иако помеѓу земјите-членки постојат големи разлики во стапките на имунизација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …