Повторно одложено судењето за случајот со смртта на Тамара Димовска


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Судењето за смртта на Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи операција во странство, е одложено за 17 септември, за двајца од вкупно 12 обвинети да ја подготват одбраната и да се запознаат со записниците.

Судијата Марин Станевски на обвинетите Маја Парнарџиева – Змејкова и Шабан Мемети на денешното рочиште им го достави обвинителниот предлог за тие да ја подготват одбраната.

Во судница денес присуствуваа обвинетите Аспазија Софијанова,  како член на второстепената комисија, поранешните директори на Фондот за здравство, Маја Парнаџиева -Змејковска и Џемаиали Мехазуи, како и членовите на првостепената комисија Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Нааталија Долненец- Банева и Никола Граматиковски, како и членовите на второстепената комисија Шабан Мемети, Ристе Симеонови Елена Трпковска.