Home Вебкафе Потврдено! СББ интернет со највисок квалитет – избор број 1 на корисниците во Србија

Потврдено! СББ интернет со највисок квалитет – избор број 1 на корисниците во Србија

SBB компанијата постави нови стандарди на пазарот

Според независното истражување на компанијата ICERTIAS (International Certification Association) со седиште во Цирих, SBB компанијата потврдено нуди интернет со највисок квалитет.

Граѓаните од сите возрасти во Србија го оцениле SBB интернетот како најквалитетен според нивното искуство и мислење, што е уште една потврда за успехот на компанијата која пред повеќе од 20 години прва овозможи широкопојасен интернет во земјата.

“Стабилен, брз и сигурен – тоа се првите асоцијации на SBB интернетот, поради што сме избор број еден за корисниците во Србија. Благодариме на сите наши корисници за ова признание, кое нè мотивира да обезбедиме не само интернет со најдобар квалитет, туку и омилени ТВ содржини за секој член на семејството во рамките на нашите EON пакети, со врвно корисничко искуство, поради кое корисниците нè избираат”, истакна Никола Периќ, директорот на секторот за развој и управување со производи.

Нова маркетинг кампања

Во рамките на новата маркетинг кампања, претставени се наградите кои SBB ги доби, како и актуелната промотивна понуда за EON пакетите, што вклучуваат телевизија, интернет и телефонија, првите 6 месеци за 1 динар за новите корисници.

SBB е исто така добитник на престижниот меѓународен сертификат “Customers’ Friend” за посветеност кон извонредно корисничко искуство, кој го доделува ICERTIAS, а третa година по ред носи медалја за извонредност во корисничкото искуство.

Дополнително, SBB ја доби и престижната “Best Buy” награда за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот во категоријата брз интернет, според оценките на корисниците од Генерација Z и Mиленијалци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ген Зет повеќе се плаши да побара зголемување на плата отколку да раскине врска!

Кога е полесно да кажеш „веќе не те сакам“ отколку „сакам повисока плата“! Во свет кој се …