Home Вебкафе После неговиот коментар за бурекот – го замразија славниот Гордон Ремзи

После неговиот коментар за бурекот – го замразија славниот Гордон Ремзи

Гордон Ремзи е познат по брутално искрените коментари за храната кои ги дели на социјалните мрежи, а овој пат на ред дојде и за нас добро познатиот бурек со сирење (пита, сирењак, како и да го викаат во различни краишта).

„Еј, Гордон, што мислиш за мојот бурек со сирење?“, напиша еден дечко и доби одговор поради кој многумина веројатно не би сакале да го видат Ремзи во догледно време на Балканот.

„Изгледа како џиновско гомно“, напиша кратко и конкретно Гордон и собра повеќе од седум илјади допаѓања и речиси две и пол илјади ретвитови.

Секако, како што тоа обично бива секогаш кога ќе стане збор за овој славен и омилен перкарски производ, и понатаму се разви расправа дали е тоа пита, сирењак, бурек, „виткано“ или нешто десетто, но ниту Ремзи не остана поштеден од хејтерските коментари: „Ајде доста, абер немаш“, „Штотуку ја загубив почитта кон тебе“, „Што ти е тебе, човеку?“, беа само дел од коментарите со кои го опсипаа фановите на бурекот славниот Ремзи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…