После четири дена поминати во болница, Катица Јанева денес се враќа во Шутка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако четири дена лежеше во болницата на Жан Митрев, каде беше хоспитализирана поради многу влошената здравствена состојба, бившата обвинителка и шефица на СЈО, а сега второобвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева, денес се враќа во притвор во Шутка.

Одбраната за дел од медиумите викендов потврди дека состојбата на поранешната специјална обвинителка е подобра и дека во текот на денот треба да биде вратена во затворот во Шутка.

„Јанева е многу подобро и утре ќе замине од болницата. Таа ќе биде вратена во затворската келија во Шутка а дали притворот ќе и биде продолжен ќе одлучуваат апелација и кривичен“.

Оваа недела треба да се одлучи и дали на Јанева ќе и биде прифатено барањето да се брани од слобода за што таа понуди гаранција од три стана.

Обвинителниот акт веќе стигнал на адреса на Кривичен суд.