Home Актуелно Поскапуваат цигарите во Македонија- една кутија ќе чини и до 300 денари

Поскапуваат цигарите во Македонија- една кутија ќе чини и до 300 денари

Нова тура поскапување на цигарите во Македонија. Од минатата недела, во продавниците поголемиот број брендови цигари се продаваат за околу 5 денари поскапо.

Иако зголемувањето на акцизата би требало да значи поскапување на цигарите на 1 јули 2019, сепак некои од брендовите одлучија да ги прилагодат цените порано.

Според предвидениот план цигарите во наредните 4 години се планира да поскапуваат по 4 до 5 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 а некои и до 300 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…