PornHub ги блокира лажните порно снимки снимени со вештачка интелигенција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во потрага по платформа која ќе ги објавува лажните порно снимки со славни личности креирани со помош на алгоритам од вештачка интелигенција, интернет заедницата која ги создава овие лажни порничи се насочи кон PornHub, порнографскиот медиумски гигант кој има над 75 милиони посети дневно.

Во вторникот, за Мotherboard, од порно сајтот изјавија дека што се однесува за овие порно снимки, тие нема да ги објавуваат и ќе ги блокираат истите бидејќи ги сметаат за материјал кој е направен без согласност од инволвираните страни.

„Нема да толерираме ништо од таквите содржини на нашиот сајт и ќе ги отстраниме сите такви видео материјали штом ги забележиме на страната“, велат од порно сајтот.

Сепак, и покрај ваквите ставови и изјави, PornHub уште е полн со „deepfakes“ порно снимки, велат корисниците.