Home Шоубизнис Поранешниот љубовник од Лејди Ди признава: Не сум му татко на принцот Хари

Поранешниот љубовник од Лејди Ди признава: Не сум му татко на принцот Хари

Кога станува збор за британското кралско семејство секогаш постојат интриги и мистерии кои ја скокоткаат љубопитноста на јавноста.

Една од нив е приказната за вистинскиот татко на принцот Хари. Многумина претпоставуваат дека принцезата Дајана своевремено имала афера со Џејмс Хјуит, по која останала бремена со Хари. Интересно е што во биографијата на принцот стои дека и самиот тој се посомневал во тоа дека е син на принцот Чарлс.

Хјуит викендов имаше интервју за еден австралиски канал, во кое стави крај на шпекулациите кои кружат веќе со години.

Не, не сум му татко, изјави тој и додаде дека гласините едноставно продаваат весници. Хјуит тврди дека приказната е невозможна бидејќи за прв пат ја запознал покојната принцеза, кога Хари веќе бил роден.

Тој воедно откри дека се вљубил во Дајана поради нејзината аура и дека воопшто не се кае поради аферата.

-Не се каам за тоа. Можеби се каам за некои од нештата кои настанаа поради тоа, но не и поради самата афера. Никако!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …